Македонските фудбалски клубови продолжуваат со подготовките за пролетниот дел од сезоната. Актуелниот лидер на табелата и есенски шампион Струга Трим и Лум загуби од дански Велје со 2-1 на контролата во турска Анталија.
Единствен стрелец за стружани беше Јусуфи во 48. минута.
Во Анталија на подготовки е и Академија Пандев. Струмичани кои се предводени од Александар Васоски со 2-0 загубија од украинска Зорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

