Тиквеш подобар од Феризај во пријателски натпревар

Македонскиот прволигаш Тиквеш во пријателски натпревар во Кавадарци го победи косовскиот тим Феризај со 1-0. Стрелец на единствениот гол за составот на Ѓорѓи Мојсов беше Александар Мишов.

Тиквеш од 1. февруари заминува на подготовки во Дојран каде ќе одигра уште неколку пријателски натпревари.

 

Се вчитува...