Екипата на Челси нема намера да застане со купувањето на нови играчи. Најнова „мета“ на новиот газда на „сините“ е Енцо Фернандез, аргентинскиот фудбалер од Бенфика, и подготвен е да ја плати бараната цифра од 120 милиони евра.
Меѓутоа лондонскиот тим е подготвен да ја плати сумата на неколку рати, а проблемот е што Бенфика ја бара целата сума одеднаш.
Енцо има постигнато 1 гол и забележа пет асистенции во 17 меча во Португалија. Тој го сврте вниманието кон себе со одличните игри во Катар, со што ја доби наградата за најдобар млад играч на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА