Фудбалерите на Лацио пропуштија да се искачат на второто место на првенствената табела во италијанската Серија А откако вечерва на домашен терен на „Олимпико“ ремизириаа со Фиорентина 1-1 во натпревар од 20. рунда.
Домаќините одлично го отворија мечот и веќе во 8. минута имаа предност од 1-0 со погодокот на Николо Касале. Оваа предност избраниците на Маурисио Сари успеаја да ја задржат се до 49. минута кога гостите израмнија преку Николас Гонзалез, што на крајот се покажа како и погодок за еден бод.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА