ПСВ Ајндховен во своите редови во овој зимски преоден рок може да дојде до големо засилување. Според информациите од Германија, холандскиот тим тргна по услугите на Торган Азар од Борусија Дортмунд.
Азар е блиску до заминување од Дортмунд, со оглед дека во последно време се помалку добива шанса, а веќе добил „одврзани раце“ да си замине од екипата и покрај тоа што договорот му е до 2024 година.
Азар е во Борусија од 2019 година откако дојде од Борусија Менхенгладбах, а во минатото беше дел од Челси, Зулте Варегем, Ленс. Тој е помлад брат на Еден Азар, кој исто така може да ја смени средината и да замине од Реал Мадрид зимава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

