Охриѓанецот Чеди Осман донесе победа над Клиперс, 50 поени на Јанис Адетокумпо

Чеди Осман беше прво име во редовите на Кливленд во победата од 122-99 против Клиперс. Охриѓанецот реализираше 29 поени со перфектни седум од седум во обидите за три, а додаде и по два скока и две асистенции. Лидер на Кливленд беше Бостон со 24 поени.

Со седумтте тројки Осман се искачи на шестата позиција на вечната листа по бројот на погодени обиди за три поени во оваа франшиза.

Јанис Адетокумпо со дабл-дабл од 50 поени и 13 скока го предводеше Милвоки до 33 победа во сезоната славејќи со 135-110 против Њу Орлеанс. Кај гостите најрасположен беше Алварадо кој реализираше 18 поени, а додаде и 6 асистенции.

Останати натпревари:

Шарлот – Мајами 122-117
Мемфис – Индијана 112-110

Се вчитува...