Тренерот на Ал Наср: Роналдо ќе се врати во Европа

Кариерата на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија не започна славно. Легендарниот Португалец не успеа да ја погоди мрежата во првите два натпревари за Ал Наср со што ги разочара навивачите кои имаат големи очекувања.

Говорејќи за својот нов фудбалер, францускиот тренер Руди Гарсија имаше пофални зборови за 37-годишникот, но додаде и дека тој еден ден ќе се врати во Европа за да ја заврши кариерата.

„Роналдо е екстра засилување не само поради голгетерските способности, туку и со тоа што го одзема внаминието на одбранбените играчи. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот. Нема да ја заврши кариерата во Ал Наср, ќе се врати тој во Еворпа“, прогнозира Гарсија.

Се вчитува...