Димитријевиќ донесе победа на Бадел над лидерот Баскет Кам

Десеттото коло од женската кошаркарска лига го донесе и првиот пораз на тимот на Баскет Кам, и тоа на домашен терен од актуелниот шампион Бадел со минимални 65-66. Играч на одлука беше Марија Димитријевиќ, која одлично се снајде во последниот напад на „баделки“ и со умешна реализација на осум секунди до крајот ја донесе победата на својот тим.

Катлин Метју која ги одигра сите 40 минути и постигна 27 поени и 16 скока. Димитријевиќ постигна 17, а Лазареска со 12 поени. Во тимот на Баскет Кам 2011, Цветанка Димова постигна 16, а Сања Адамоска уште 13 поени.

Вардар влегува во мини-криза откако „црвено-црните“ претрпеа уште еден пораз, овојпат на гостувањето против Крива Паланка со 75-71. Шамека Мекнил беше енигма за одбраната на Вардар. Постигна 38 поени дополнети со седум асистенции и шест освоени топки. Михаела Алексовска додаде 16 поени, Глухавичанин уште 12 поени. Кај Вардар, Едина Муса оствари дабл-дабл со 21 поен и 10 скока, а Зафирова реализираше 16 поени.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО

Крива Паланка – Вардар                        75:71

Баскет Кам 2011 – Бадел 1862               65:66

МЗТ Скопје Аеродром – Гризли          72:51

Струга 2009 – Пробаскет                       92:44

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 19, Вардар 17, Бадел 1862 16, МЗТ Скопје Аеродром 15, Струга 2009 15, Крива Паланка 15, Гризли 12, Пробаскет 10;

ИДНО КОЛО (04.02): Баскет Кам 2011 – Крива Паланка, Гризли – Вардар, Бадел 1862 – Струга 2009, Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром.

Се вчитува...