Играчот на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец Карим Адејеми, доживеа бизарна повреда по натпреварот против Баер Леверкузен во победата од 0-2.
Токму Адејеми беше стрелец на првиот гол за „милионерите“, што беше негов прв во Бундеслигата од неговото доаѓање од Салцбург минатото лето.
Меѓутоа во финишот од средбата, кога фудбалерите славеа со навивачите, Адејеми доживеа бизарна повреда. Тој во еден момент извел некое невобичаено трчаање, по што ја истегнал задната ложа. Сега не е познато колку ќе паузира крилниот играч на Дортмунд, но неизвесно е дали тој ќе биде подготвен за настап идниот викенд кога Борусија Д. го пречекува Фрајбург.
After the good game BVB played yesterday, the squad celebrated the win together. Atmosphere was very lose. Karim Adeyemi was so ecstatic, that he got injured in the celebration. He wanted to show off his Naruto run, because he finally scored in the league.
🗞️ @BILD_Sport pic.twitter.com/FYVil0QTgc
— BVB Newsblog (@bvbmewsblog) January 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА