Баерн Минхен изненади пред самиот крај на преодниот рок успевајќи да го договори доаѓањето на Жоао Кансело од Манчестер Сити. Трансферот ќе биде официјализиран во следните неколку часа, а Кансело ќе пристигне на позајмица до крајот на сезонава, по што летово клубовите дополнително ќе преговараат за негово долгорочно останување на „Алијанц Арена“.
Португалецот долго време беше незаменлив во тактичките замисли на тренерот Пеп Гвардиола, но во последните месеци се почесто се наоѓаше на клупата за резерви. Дури и младиот Луис добиваше поголема минутажа од Кансело, што беше доволна причина тој самиот да инсистира на заминување.
Баерн ја стартуваше 2023 година со три нерешени натпревари во низа, а управата реагираше носејќи го Кансело како засилување за позицијата десен бек, една од најболните точки во тимот на тренерот Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА