Тодор Тодороски продолжува со одличните настапи за Сумгаит во шампионатот на Азербејџан. Македонскиот интернационалец кој пред неколку месеци постигна евро-гол во ремито (1-1) со Габала, овој пат повторно ја затресе мрежата на спектакуларен начин, а неговиот тим се радуваше на победа од 2-1 против Туран во 20. коло.
Македонецот ја затресе мрежата во 28. минута кога навидум центар-шутот од повеќе од 20 метри заврши зад грбот на гостинскиот голман.
Руни го изедначи резултатот во 39. минута, а Абубакар стрелаше во 49. минута за конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА