Поранешниот тренер на Рафаел Надал, Тони Надал имаше интересна опсервација зошто постои аверзија кон Новак Ѓоковиќ кај одреден број фанови, иако тој е еден од најдобрите во историјата на тенисот.
Србинот ја освои 22. гранд-слем титула во Австралија и се израмни со Рафаел Надал по бројот на најголемите трофеи.
„Проблемот е што Новак се појави во време кога веќе беше воспоставено ривалството меѓу Федерер и Надал. И луѓето ги сакаа нивните дуели. Тој беше новото дете на улица, некако ја расипуваше забавата. Неговото однесување на теренот исто така може да биде проблематично. Ова се причините зошто никогаш нема да биде сакан како Роџер или Рафа“, изјави Надал.
Тони се осврна и на реченицата на Новак „дека кога другите играчи се повредени, тие се жртви, а кога станува збор за мене, тогаш тоа е „фолирање“.
„Не е потребна посебна интелигенција за да се заклучи дека второто се однесува на Рафаел, бидејќи тој беше единствениот повреден играч меѓу кандидатите за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА