Барселона ќе мора да се снаоѓа без помошта на Усман Дембеле во наредните пет седмици откако францускиот репрезентативец се повреди на првото полувреме од последниот меч со Џирона.
Деталните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на мускулни влакна, по што за рехабилитација ќе биде потребен период подолг од еден месец. Ова практично значи дека Дембеле ќе го пропушти сигурно цел февруари, период во кој Барса ја очекуваат важни натпревари во Ла Лига, но и двомечот од Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед, закажан за 16 и за 23 февруари.
„Ова дефинитивно е сериозен удар за нас, сите знаете колку важен играч е Дембеле. Тој е фудбалер што секогаш прави разлика на теренот, ќе мораме да се снаоѓаме за да го надополниме неговото отсуство“, изјави тренерот Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА