Тиквеш се засили со дефанзивецот Чубара

Интернационалецот од БИХ Алмир Чубара, е засилување во одбраната на Тиквеш за пролетниот дел од сезоната. Чубара доаѓа во Кавадарци од тимот на Игман Коњиц од БИХ, потпишувајќи едногодишен договор.

Најновата аквизиција на Тиквеш во минатото беше дел од Олимпик Сараево, Железничар, Челик, Тошк Тешањ и Игман Коњиц.

Чубара е трето засилување за Тиквеш, откако претоходно пристапија Наумовски и Шиков.

 

Се вчитува...