Менаџерот на Арсенал, Микел Артета знаеше дека не може да ја „истурка“ сезоната само со двајца играчи за врска Парти и Џака, по повредата на Елнени, и се одлучи да посегне по играчот на Челси, Жоржињо.
Италијанскиот фудбалер и официјално е промовиран на „Емирати“ како ново засилување за лидерот на табелата во Премиерлигата, и со него ќе бркаат титула во најсилната англиска лига.
Изминатите четири години Жоржињо ги мина во Челси. Искусниот играч за врска потпиша договор до 2024 година, со можност да биде продолжен на уште една. Трансферот ќе чини 12 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА