Откриено зошто поради аматеризам на Челси пропадна трансферот на Зијеш во ПСЖ

Мароканскиот репрезентативец Хаким Зијеш веројатно е најголемиот губитник во јануарскиот преоден рок.

Зијеш веќе беше виден во дресот на ПСЖ откако уште во понеделникот отпатува на лекарски прегледи и се чекаше само официјалната потврда за неговиот трансфер. Меѓутоа, доцна синоќа шокантни вести за Мароканецот. ПСЖ и Челси успеаја да договорат негова позајмица до крајот на сезоната, но клубовите не успеаја на време да ја подготват документацијата како се би се завршило и покрај тоа што Зијеш ги помина и лекарските прегледи и потпиша договор со парижаните.

А, единствени виновници за тоа се од администрацијата на Челси кои, како што пренесуваат француските медиуми, трипати испраќале документи на адреса на ПСЖ и трипати истата била погрешна, поради што и пропаднал трансферот.

Од Челси ниту еднаш не испратиле комплетна докуменација иако имале доволно време за тоа. Но, било очигледно дека Зијеш во тој момент воопшто не им е важен, туку синоќа во последните моменти сите сили биле поставени на комплетирање на трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика кој на крајот и беше реализиран. А цехот за сето тоа го плати Зијеш.

Од ПСЖ најавуваат жалба поради неодговорниот однос од Челси и се надеваат дека на крајот сепак Зијеш ќе може да игра оваа пролет во нивните редови. Но, тешко е да се верува дека ќе биде прифатена нивната жалба.

Се вчитува...