Димитриевски го води Рајо кон Европа: Долг е уште патот, но ќе ја користиме секоја шанса која ќе се укаже!

Македoнскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски има извонредна сезона на голот на Рајо Валјекано, убедливо најзаслужениот и за последниот триумф на неговиот тим над Вилјареал од 0-1.

Со овој триумф Рајо ја продолжи и битката за европски излез, останувајќи сега на само два бода од петтопласираниот Вилјареал, а на пет бода од четвртопласираниот Атлетико Мадрид.

Димитриевски го води својот тим кон Европа, иако патот е се уште долг…

„Сезонава сме навистина фокусирани на нашите цели, пред се игрите на гостински терен, и многу сме среќни од досега прикажаното. Блиску сме до Европа, но јасно е дека патот е се уште долг. На половина од патот сме, но максимално мотивирани сме и ќе ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже“ – вели Димитриевски.

Се вчитува...