Шинџи Кагава се врати во родната Јапонија. Јапонскиот фудбалер реши да се врати на местото каде што ја започна кариерата, во Серезо Осака. Станува збор за играч кој го паметиме од периодот кога настапуваше за Борусија Дортмунд, а во 2012 година премина во Манчестер Јунајтед за 16 милиони евра.
Две години подоцна се врати во Дортмунд за половина од таа сума, бидејќи не се претстави најдобро во англискиот клуб. Потоа играше половина сезона во Бешикташ како позајмен во 2019 година, пред да замине во Шпанија во летото истата година каде потпиша со Реал Сарагоса.
Потоа замина во грчки ПАОК, а последен клуб во Европа му беше белгискиот Сент-Труден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

