Шок за Тотенхем: Антонио Конте итно опериран!

Тотенхем се соочи со неочекуван сериозен проблем откако тренерот Антонио Конте мораше итно да биде опериран откако се пожалил на силна болка во стомакот.

Италијанецот го подготвуваше својот тим за неделното големо дерби со Манчестер Сити, кога во текот на вчерашниот ден состојбата значително му се влошила. Деталните прегледи покажале воспаление на жолчката, поради што утрово веднаш била закажан хируршки зафат што ќе биде извршен во една од најелитните лондонски клиники во текот на денешниот ден.

„Антонио Конте од неодамна не се чувствуваше добро, со силна болка во пределот на абдоменот. По утврдената дијагноза, денеска ќе биде опериран за проблемот да биде решен. Тој ќе се врати на клупата на клубот по периодот на рехабилитација што ќе биде утврден“, објави Тотенхем.

Се вчитува...