ИОК го осуди нападот од Украина

Меѓународниот олимписки комитет излезе со соопштение во врска со обвинувањата од претседателството на Украина.

Советникот на претседателот на Украина, Михаило Подолјак изјави дека ИОК со задоволство гледа како Русија ја уништува Украина, а потоа им дава можност да го легализираат геноцидот дозволувајќи им на руските спортисти да учествуваат на ЛОИ во Париз.

„Силно ја отфрламе клеветата од Украина. Тоа не може да биде основа за какви било разговори. Нема да коментираме повеќе за ова прашање“, се вели во соопштението на ИОК.

Меѓународниот олимписки комитет неодамна изјави дека ќе ја разгледа ситуацијата на руските и белоруските спортисти за учество на меѓународни настани без никакви државни симболи, што наиде на остра реакција во Украина.

Се вчитува...