ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Струга ТЛ ремизираше со дански Хелсингор, Скопје без победник со Локомотива

Фудбалерите на Струга ТЛ ремизираа на пријателскиот натпревар со данскиот второлигаш Хелсингор за време на подготовките во Анталија, Турција.

Стружани одиграа без победник (2-2) и покрај тоа што на двапати имаа предност против Данците уште во првото полувреме со головите на Бесарт Ибраими и Христијан Малески. Но противникот со голот на Моуритсен во 51. минута успеа да избегне пораз за конечни 2-2.

Екипата на Скопје, пак, ремизираше (1-1) со тимот на Локомотива. Стрелец на единствениот гол за Скопје беше младинскиот репрезентативец, Леон Игњатов.

ПОРАЗ НА ТЕТЕКС ОД АРСИМИ

Второлигашот Тетекс, пак, загуби со 1-2 на пријателскиот натпревар од Арсими. Стрелец на единствениот гол за „штофарите“ беше Емил Скоко. Следен тест-дуел за Тетекс е против Вардар во сабота (4. февруари).

Се вчитува...