Росељ: Во затвор ме пречекаа со кутија кондоми и лубриканти

Поранешниот претседател на каталонскиот великан Барселона, Сандро Росељ за медиумите во Шпанија откри детали од  затворските денови откако заврши зад решетки поради перење пари.

Росељ беше претседател на Барса од 2010 година откако функцијата ја презема од Жоан Лапорта, сегашниот прв човек на клубот, а кога заврши со мандатот во 2014 година и Жозеп Марија Бартомеу го наследи, се соочи со тужби за финансиски криминал и по шест години судење заврши во затвор.

Во две години поминати во затвор тој се соочил со многу стресови…

„Кога влегов во затвор, на влезот ми дадоа четири кондоми и четири кесички лубриканти. И таму (во затворот – н.з.) од вас никој ништо не бара, па мене на почеток не ми беше јасно со кондомите и вазелинот, ама набрзо сѐ сфатив. Во затворите има многу хомосексуални работи, дури и од луѓе кои не се хомосексуалци“, вели Росељ.

Се вчитува...