Италијанската федерација ќе му одземе на Јувентус уште 20 бода?!

Нема крај за проблемите на Јувентус, откако му беа одземени 15 бода од контото во Серија А, клубот од Торино се соочува со можност за нова драконска казна.

Имено, според медиумите на „чизмата“, Италијанската фудбалска федерација би можела да го казни Јуве со одземање на уште 20 бодови поради нерегулирани плати. Сослушувањето за оваа тема е закажано за во март, додека конечната одлука се очекува во април или мај.

Доколку се исполни ова црно сценарио, Јувентус би останал при дното на табелата и ќе биде сериозно загрозен опстанокот во лигата.

Се вчитува...