Еден од најдобрите македонски тренери Емил Рајковиќ продолжува со перфектната сезона со својата ЦСКА Москва во руската ВТБ лига, откако славеше на гостински терен кај Нижни Новгород со 70-89 во вториот натпревар од главната фаза.
Натпреварот почна израмнето и по првите десет минути беше егал 24-24. Избраниците на Емил Рајковиќ заиграа подобро во вториот период и успеаја на големата пауза да заминат со позитива од четири поени (44-48). Изненадувачки домаќинот одлично го почна второто полувреме и во еден момент стигна и до плус три 58-55. Сепак, гостите се сконцентираа и до крајот на третиот период успеаја да ја вратат позитива од четири поени од полувремето (61-65).
Конечно во последниот период разликата во квалитет дојде на виделина. „Армејците“ заиграа на едно повисоко ниво и на крајот стигнаа и до сигурен триумф од 70-89. Алексеј Швед со 21 поен беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Драган Апиќ уфрли 16.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА