Македонската ракометна репрезентативка Леонида Гичевска реализираше фантастичен трансфер, потпишувајќи договор со францускиот прволигаш Безансон.
Гичевска ја почна сезоната во дресот на Локомотива Загреб, тим со кој настапуваше и во Лигата на Шампионите, но штом пристигна понудата за преселба во елитното француско ракометно друштво, нашата интернационалка без многу размислување го прифати предизвикот.
Таа пристигнува во Безансон како „медицински џокер“, по повредите на Дембеле и на Фресон-Демуж заработени во јануари, а доколку се наметне кај стручниот штаб би можела да остане во клубот и по завршувањето на сезонава.
„Пресреќна сум што доаѓам во Безансон, клуб со прекрасна и богата историја. Ова е клуб што секогаш има големи амбиции, од моја страна, ќе ми биде чест да играм за Безансон и ќе дадам се од себе да помогнам да победуваме на што повеќе натпревари“, изјави Гичевска по потписот на договорот со новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА