Не е само Мбапе повреден – ПСЖ без уште три „ѕвезди“ викендов против Тулуз

ПСЖ ќе биде сериозно ослабен за утрешниот домашен натпревар против Тулуз, за кој тренерот Галтие нема да може да смета на неколку стандардни првотимци.

„Светците“ вчера потврдија дека Килијан Мбапе ќе мора да паузира најмалку три седмици по повредата заработена на гостувањето со Монпелје, но францускиот голгетер нема да биде единствената „ѕвезда“ што ќе го пропушти дуелот со Тулуз.

Нападот ќе биде дополнително ослабен поради неиграњето на Нејмар, кој продолжува со индивидуални тренинзи по повредата на мускулот заработена минатата седмица, додека во одбраната ќе го нема Серхио Рамос, исто така случај на повреда на мускулот.

Покрај овие двајца фудбалери, стручниот штаб на ПСЖ нема да може да смета ниту на Марко Верати, кој се уште е суспендиран по црвениот картон заработен на дуелот со Ремс.

Се вчитува...