Дарко Размоски е ново засилување за најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. Тој доаѓа од екипата на Охрид, а претходно играше и во Академија Пандев, Беласица и Пелистер.
„Дарко Размоски е нов играч на ФК Вардар. Има 23 години, доаѓа од екипата на Охрид, во својата кариера меѓу другото бил дел од екипите на Академија Пандев, Беласица, Пелистер. Игра на крилните позиции, а со најтрофејниот клуб во Македонија потпиша договор до крајот на сезоната. Добредојде во Вардар Дарко“, стои во соопштението на ФК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА