Баер Леверкузен уште повеќе се оддалечи од борбата за висок пласман и излез во фудбалска Европа откако „фармацевтите“ го загубија и вториот бундеслигашки меч во низа, овојпат на гостувањето против Аугсбург со 1-0.
Тимот од Леверкузен одигра далеку од посакуваното ниво во нападот, и оние шанси што ги создаде не успеа да ги претвори во погодок, па на Аугсбург му беше доволен само еден гол, оној на Бериша во 55. минута, за да стигне до цел плен.
Единствениот погодок на натпреварот меѓу Аугсбург и Баер Леверкузен можете да го погледнете НА ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА