Голема тепачка во која беа вклучени десетина кошаркари го одбележа синоќешниот дуел меѓу Минесота и Орландо, на кој гостите забележаа победа од 120-127. Големиот инцидент се случи во третата ечтвртина, кога бекот на Минесота Остин Риверс влезе во конфликт со центарот на Орландо, Мо Бамба, беа разменети и удари, а хаосот настана кога во тепачката се вклучија уште дел од кошаркарите на двата тима, дел да тераат правда, а дел да ги раздвојат оние најжешки глави во моментот.
Судиите исклучија петмина кошаркари, покрај иницијаторите Бамба и Риверс мечот не го довршија ниту Сагс од Орландо, како и Принс и Мекданиелс од Минесота. На крајот, „магичните“ славеа со седум поени разлика, благодарение на најефиаксните Ентони со 20 и Вагнер со 1 поени.
Феникс славеше на гостувањето против Бостон со 94-106, дуел на кој најефикасен во победничкиот тим беше Бриџис со 25 постигнати поени. Џоел Ембид беше во главна улога при триумфот на Филаделфија во Сан Антонио, откако доминантниот центар оствари нов дабл-дабл од 33 поени и 10 скокови.
A fight erupts between Austin Rivers and Mo Bamba as they exchange punches 😬 pic.twitter.com/HBvyQ1rEfc
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) February 4, 2023
Резултати НБА:
Детроит – Шарлот 118-112, Индијана – Сакраменто 107-104, Вашингтон – Портланд 116-124, Бостон – Феникс 94-106, Хјустон – Торонто 111-117, Минесота – Орландо 120-127, Сан Антонио – Филаделфија 125-137, Јута – Атланта 108-115.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

