Американската тениска легенда Џими Конорс јавно застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ откако дел од критичарите повторно се свртеа против Србинот по неговото импресивно издание на Австралија Опен.
Конорс во тениски подкаст во САД не само што го поздрави успехот на српскиот ас, туку и ги критикуваше оние кои ги менуваат ставовите како што им одговара, за разлика од Ѓоковиќ.
„Човекот остана доследен на своите убедувања, без разлика дали се исправни или погрешни. И беше подготвен да ја плати цената за тоа, во ниту еден момент не се повлече Беше подготвен и да го исфрлат од тенисот, што беше брутално сценарио, но Ѓоковиќ беше подготвен. Има една вистина, истите оние кои до вчера најмногу плукаа по Ѓоковиќ, сега му го бакнуваат задникот. Сите по ред“, порача Џими Конорс.
Неговите ставови во истиот подкаст ги поддржа и синот на Џими, Брет Конорс.
„Секој човек што до лани говореше како Ѓоковиќ е ужасна личност сега вели: Јас тоа да го кажам, ма нема шанса… Сите се вртат како што дува ветерот, но Новак не е таков лик. Тој е образована личност што на глас цело време говореше: Мое тело, мое здравје. Јас сум спортист, живеам од своето тело. Не кажа ништо погрешно, а го третираа како да е лудак“, истакна Брет Конорс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

