Црвена Звезда денеска и официјално ја потврди одлуката една од трибините на стадионот на „црвено-белите“ во Белград да го носи името на легендарниот Синиша Михајловиќ.
Станува збор за трибината ВИП Запад, која за првпат ќе го носи името на починатата фудбалска легенда на денешниот дуел меѓу Црвена Звезда и Војводина, двата поранешни клуба на Михајловиќ.
„Потпретседателот на УО на редовната седница на собранието на Црвена Звезда предложи трибината ВИП Запад да се именува во Синиша Михајловиќ, што беше едногласно прифатено од сите делегати. На тој начин, на нашиот Миха, покрај мечот со Војводина што се организира во негова чест, и на ваков начин ќе му биде дадено вечно признание. Иако Миха одигра само 90 средби во дресот на Црвена Звезда, неговото име со златни букви е запишано во клупската историја, со оглед на тоа дека со нашиот клуб се искачи на врвот на Европа и на светот. Сепак, тој не е легенда на Звезда само поради играчките, туку пред се поради човечките квалитети. Тој никогаш не ја прекина врската со Црвена Звезда, беше вечен амбасадор на нашиот клуб и на народот. Секогаш со гордост истакнуваше од каде потекнува, дека е дел од Србија и од Црвена Звезда“, се вели во соопштението на српскиот фудбалски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

