Бајката со нова среќна епизода: Але го постигна првиот гол во Бундес-лигата

Бајката на Себастијал Алер по неговиот камбек на терените денеска имаше уште една среќна епизода, откако одличниот голгетер го постигна својот прв бундеслигашки гол за Борусија Дортмунд.

Камерунецот кој водеше шестмесечна борба со канцер на тестисите минатиот месец се врати на терените, а денеска против Фрајбург стрелаше прецизно за тотална еуфорија на стадионот во Дортмунд. Тој најдобро се снајде по центаршутот од левата страна и со прецизен удар со глава го матираше гостинскиот голман, за славје меѓу фудбалерите, стручниот штаб и навивачите на Борусија.

Првиот гол на Себастијан Але за Борусија Дортмунд во Бундес-лигата можете да го погледнете НА ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...