Бетис неочекувано загуби на домашен терен од Селта со 3-4, меч на кој избраниците на тренерот Пелегрини целосно потфрлија во играта во одбрана губејќи значајни бодови во трката за место кое води во Лигата на Шампионите следната сезона.
Селта прва поведе преку Ларсен во 6. минута, кога кога Бетис направи пресврт со головите на Хуанми и на Каналес се чинеше дека домаќините си го трасираат патот до победата. Гостите од Виго сепак имаа поинакво мислење на оваа тема, пред се Веига, кој пред крајот на првиот дел израмни на 2-2, а потоа на почетокот на второто полувреме го постигна и водечкиот гол за Селта за 2-3.
Бетис беше принуден да се отвори целосно, Селта го искористи тоа и преку Аидо поведе и со 2-4, а се што успеаја да сторат домаќините до крајот беше утешниот гол од пенал што го постигна Фекир во 84. минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА