Јокиќ повторно ја промени НБА историјата, Леброн на само 36 поени од „недостижниот“ Карим Абдул-Џабар (ВИДЕО)

Никола Јокиќ ја продолжи низата на натпревари со „трипл-дабл“ на три, а со соиграчот Џамал Мареј оствари историски ефект по синоќешната победа над Индијана од 128-108.

Јокиќ и Мареј станаа само трет пар во историјата кој во три едноподруго победи едниот постигнал 30 или повеќе поени, а вториот завршил со „трипл-дабл“. Тоа претходно им успеало само на Пол Џорџ и Расел Вестбрук во Оклахома во 2019 година, како и на Вилт Чемберлен и Том Голи во Филаделфија во 1960 година.

Мареј овој пат постигна 41 поен, а Јокиќ 14 поени со 18 скока и 10 асистенции. За српскиот центар тоа е трет едноподруго „трипл-дабл“, девети во последните 11 меча, 18-ти сезонава и 96-ти во НБА кариерата.

Феникс славеше на гостувањето против Детроит со 116-100, потврдувајќи ја добрата форма по сензационалната победа над Бостон ден претходно. Богдановиќ за 35 минути игра постигна 23 поени, три скока, две асистенции, една украдена топка и две загубени топки. Само Садик Беј постигна повеќе за домашниот тим – 25 поени. Феникс, пак, беше предводен од Деандре Ејтон со 31 поен и 16 скока.

Каваи Леонард со 35 поени и Пол Џорџ со 30 поени го предводена ЛА Клиперс во победата од 134-128 по продолжение на гостувањето против Њујорк никс.

Леброн Џејмс постигна 27 поени во поразот на ЛА Лејкерс од Њу Орлеанс од 131-126, па до рушење на рекордот на Карим Абдул-Џабар, како најдобар стрелец во историјата, сега му недостасуваат уште 36 поени. Што значи дека би можел да го сруши веќе на следниот натпревар, во среда наутро, кога Лејкерс се враќаат дома по турнеата на Истокот и на домашен терен ја пречекуваат Оклахома.

Се вчитува...