Само десет минути за Барди, Трабзон загуби од Галатасарај во дербито во Турција

Трабзонспор загуби со 2-1 во дербито на Турција на гостувањето против големиот ривал Галатасарај.

Трабзонспор поведе со голот на Гомез уште во 1. минута од средбата, за да домашните израмнат веќе во 18. минута со погодокот на Мертенс, а на асистенција на Икарди.

Токму Икарди во 53. минута беше и самиот стрелец за конечна победа на Галатасарај од 2-1.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во игра влезе во 80. минута на местото на Бакасетас, но не успеа во само десет минути да му помогне на својот тим да избегне пораз.

Се вчитува...