Стеф Кари го пропушта олстар-викендот

Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата сезонава, Стеф Кари, ќе мора да го пропушти претстојниот олстар викенд во Солт Лејк Сити по најновата повреда што ја заработи ѕвездата на Голден Стејт вориорс.

Одличниот шутер неодамна се врати од друга повреда, за пo синоќешниот дуел со Далас маверикс да се пожали на болка во левата нога. Деталните прегледи покажале дека проблемот воопшто не е наивен, а првите прогнози се дека паузата ќе изнесува неколку седмици. Неофицијалните информации говорат дека Кари ќе биде надвор од тимот најмалку 20 дена, што значи дека дефинитивно нема да може да настапи на олстар мечот закажан за 19 февруари.

Новото отсуство на најдобриот кошаркар е лоша вест и за тимот на Голден Стејт, кој моментно е осмопласиран во Западната конференција и го очекува борба за место во плејофот.

Се вчитува...