Николо Заниоло сепак ќе си замине од Рома во текот на оваа сезона, откако крилниот офанзивец повторно стана актуелен по понудата што пристигна од Турција за негов ангажман.
Галатасарај е клубот што искажа подготвеност да го доведе поранешниот италијански репрезентативец во своите редови, отворајќи официјални преговори со „волчицата“ за ангажман на Заниоло. Понудата изнесува вкупно 22 милиони евра со неколку лесно остварливи клаузули, што челниците на Рома би требало и официјално да ја прифатат во следните 24 часа, откако самиот Жозе Мурињо инсистира на оваа сага што поскоро да и се стави крај.
Заниоло е подготвен за преселба во Турција само за да стави крај на својот римски кошмар. Тој инсистира само на клаузула за заминување во иднина, што би му овозможило брза преселба во нов клуб доколку успее експресно да блесне во турскиот шампионат. Галатасарај се согласува на ваква клаузула во висина од 35 милиони евра, самиот фудбалер сака сумата да биде нешто пониска, но се очекува двете страни да се договорат и на оваа тема, за Заниоло што поскоро да дојде на лекарски прегледи во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА