Милан одигра кукавички, но Пиоли е дециден: Не жалам за одлуките, секако ќе се мачевме

Милан претрпе пораз од 1-0 на градското дерби со Интер со што се продлабочи резултатската криза на „росонерите“. Резултатот не делува толку страшно колку играта, ако се знае дека Милан за 90 минути не упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, оставајќи го градскиот ривал целосно да доминира на теренот.

Тренерот Стефано Пиоли се реши за експеримент со тројца играчи во одбранбената линија, оставајќи го на клупа одличниот Леао, на негово место давајќи му шанса на Ориги, кој одигра уште еден потпросечен натпревар во дресот на „росонерите“. Без оглед на критиктие кон него, Пиоли е дециден дека го донел вистинскиот избор.

„Воопшто не жалам за одлуките и одговорно тврдам дека ако игравме со истата формација како и на претходните натпревари секако ќе се мачевме, можеби и уште повеќе. Бевме солидни во одбраната, но ни падна за момент концентрацијата, примивме гол што се покажа решавачки за победникот. Во првото полувреме не напаѓавме премногу, во вториот дел беше далеку подобро и на овој план, но за жал не беше доволно за да избегнеме пораз“, изјави Пиоли.

Се вчитува...