Турција утрово ја погоди катастрофален земјотрес со јачина од 7,8 степени, кој според најновите информации однесе 500 жртви. Епицентарот беше во близина на Газиантеп на границата со Сирија, а се почувствувал и на Кипар, Израел, па дури и во Египет.
Анталија, туристичкиот центар во кој во моментов се подготвуваат поголем дел од нашите прволигаши, е оддалечен од епицентарот над 800 километри, но бил почувствуван и од играчите и стручниот штаб на нашите тимови.
„Страшно. Ме разбуди од спиење, се тресеше добри 2 минути. Настана паника, викање. После тоа имаше уште земјотреси, цели утро се тресеше“, ни изјави еден од членовите на наш тим кој се наоѓа на подготовки во Анталија.
Во Анталија во моментов на подготовки се Шкендија, Академија Пандев, Македонија ЃП, Шкупи, Струга ТЛ, Силекс како и второлигашите Гостивар и Беса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА