Иско сака да ја продолжи кариерата во Премиер-лигата

Поранешниот шпански репрезентативец Иско би можел да ја продолжи кариерата во англискиот премиер-лигаш Евертон, пренесуваат британските медиуми. Иско моментално е без клуб, а може да потпише договор со кој било клуб иако преодниот рок е поминат.

Тој младинските категории ги помина во Валенсија, а потоа играше за Малага пред да пристигне во Реал Мадрид во 2013 година. Иско играше за Реал до јуни минатата година, а потоа се пресели во Севилја.

Евертон моментално е на 18. место на табелата во Премиер лигата со само 18 бодови.

Се вчитува...