ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Работнички во одлична форма, „лавовите“ поразени од Инхулец

Работнички во извонреден ритам ги одигра пријателските натпревари за време на подготовките во Охрид, победувајќи го убедливо за крај и второлигашот Воска Спорт со 4-0.

На денешниот пријателски натпревар во Охрид, водството за „романтичарите“ го донесе Анес Рушевиќ во првиот дел, а во второто полувреме стрелци беа и Никола Величковски, Николче Шаркоски и Мухамед Елмас.

Со ова Работнички ги заокружи подготовките во Охрид.

Македонија ЃП загуби од украински Инхулец со 0-1 на подготовките во Анталија со гол примен на пет минути пред крајот.

„Лавовите“ претходно во Турција загубија од бугарски Берое со 2-3 и од Спартак Варна со 0-2, а ремизираа без голови со ЦСКА Софија.

Се вчитува...