Џеси Марш повеќе не е тренер на Лидс Јунајтед откако раководството на Премиерлигашот се одлучи да му врачи отказ по новиот пораз во првенството. За поранешниот клуб на македонскиот репрезентативец Џани Алиоски тоа е десетти во сезоната со што тимот на наоѓа на делба на местата кои водат до релегација.
Американскиот стратег го превзема Лидс Јунајтед во февруари 2022 година, а оваа сезона направи „американска колонија“ ангажирајќи фудбалери од САД. Последен кој пристигна во тимот беше Вестон Мекени кој дојде како засилување од Јувентус на иницијатива на Марш.
За наследник се споменува Марсело Бјелса кој со успех го водеше тимот и во минатото, но добро познато е дека аргентинскиот стратег одбива да превземе тим сред сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

