Еден од нашите најдобри и најтрофејни тренери Ѓоко Хаџиевски, е ново-стар тренер на Наџран, клуб од Саудиска Арабија. Хаџиевски кој досега работеше во Хата во ОАЕ, сега има нов предизвик.
Хаџиевски во Најран се враќа после девет години, со оглед дека последен пат го водеше клубот во јануари 2014 година. Тој беше во Наџран од март 2013 до јануари 2014 и претходно од јули 2011 до мај 2012 година.
Хаџиевски оди во Наџран заедно со стручен штаб составен од Македонци. Негови помошници ќе бидат Филип Деспотовски и Филип Спасески, а тренер на голманите екс голманот на Работнички Филип Маџовски.
Хазиевски во минатото беше во многу клубови меѓу кои Хакер, Емирејтс, Ал Дафра, Хата, Ал Кадисијах, Ал Тавон, Симург, Атромитос, Баку, Касторија, Војводина, ЦСКА Софија, Џубило Ивата… Од македонските клубови беше на чело на Вардар, Силекс, Пелистер и Беласица, а беше селектор на Македонија и на Азербејџан.
جوكيكا يصل إلى منطقة #نجران 💚🤩 pic.twitter.com/hPL7G1jRL7
— نادي نجران السعودي (@MC_NajranFC) February 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА