Турчинот Хакан Акгул е најново засилување за Академија Пандев за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
19-годишниот талентиран играч за врска Хакан Акгул потпиша две и пол годишен договор со Академија Пандев.
Турскиот интернационалец доаѓа од екипата на Фатих Карагумрук, каде ја има поминато и целата младинска школа. Академија Пандев ќе биде прво интернационално искуство за Хакан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА