Вечното дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички во 14. коло од Првата лига донесе фантастичен натпревар во Аеродром каде „сино-белите“ стигнаа до 12. победа во сезоната совладувајќи го жилавиот Работнички во неизвесна завршница.
Аеродромци имаа предност во текот на целиот меч, но Работнички не се предаде. На крилја на Нотиџ и Форте се врати од двоцифрена негатива до негатива од само еден посед во самиот финиш, но не успеа да направи целосен камбек во пенал завршницата.
Тренерот на Работнички, Димтиар Мираковски вели дека останува жал за поразот и испуштената шанса за сензационален триумф, но ја пофали атмосферата на вечното дерби која потсети на некои подобри денови на мак-баскетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

