Тренерот на Милан, Стефано Пиоли наскоро би можел да ја напушти функцијата, пренесуваат италијанските медиуми.
Раководството на клубот од „Сан Сиро“ се уште верува во тренерот, но би можело да се предомисли доколку наскоро не се промени ситуацијата во тимот, а со тоа и пласманот на табелата во Серија А.
„Росонерите“ се во серија од три порази во првенството, односно на последните пет натпревари освоија само два бода, а моментално се на петтото место со 38 бода.
Во случај актуелниот шампион да продолжи со слаби резултати и да се доведе во прашање учеството во Лигата на шампионите, цехот би го платил Пиоли, кој на клубот му ја донесе првата титула од 2011 година. Педесет и седумгодишниот тренер на клупата на Милан е од октомври 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА