Во Турција и Сирија се уште се бројат штетите по вчерашните разорни земјотреси.
Турскиот репрезентативец и фудбалер на Лестер Сити, Чаглар Сојунџу се огласи на социјалните мрежи и спомна луѓе кои се обидуваат да профитираат од катастрофата што ги снајде вчера.
„Неморални луѓе без зрно човечност се обидуваат да го ограбат нашиот народ, препродавајќи ќебиња за пет пати поскапа цена, додека земјата е во жалост и додека луѓето се обидуваат да си ги спасат животите под урнатините. Тие луѓе не смеат да останат неказнети, не смееме да ги оставиме сами“, најави Сојунџу.
Досега страшните земјотреси однесоа повеќе од 5.000 животи во Турција и Сирија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА