Алфа Ромео го претстави болидот за новата сезона

Алфа Ромео го претстави болидот „Ц43“, кој во новата сезона на Формула 1 ќе го возат Валтери Ботас и Гуанин Жу. Забележливо е дека преовладува темноцрвената боја со нијанси на црна во однос на претходните сезони кога доминираа црвената и белата боја.

Промоцијата се одржа во Цирих во присуство на двајцата возачи, кои минатата година го доведоа тимот до шестото место во конкуренција на конструктори.

Менаџерот на тимот Алуни Брави, истакна дека новиот болид е производ на неколкумесечна работа на целиот тим.

„Ова е само почеток на патувањето. Продолжуваме да работиме напорно за да постигнеме најдобри перформанси на патеката. Сите во тимот се трудат во иднина да бидат што поконкурентни со најдобрите тимови“, изјави Брави.

 

Се вчитува...