„Наследникот“ на Тоти заврши во Галатасарај

Николо Заниоло стана миленик на навивачите на Рома со голот во финалето на Конференциската лига за првиот европски трофеј на „волчицата“, но и покрај тоа што беше споредуван со легендарниот Франческо Тоти, тој ги изневери најверните откако побара трансфер во зимскиот преоден рок.

Рома се сложи со заминување, но само по цена од 35 милиони евра која не успеаја да ја исполнат најзаинтереисраните Бурмут и Милан. Заниоло не се пресели од Рим во „топ 5“ првенствата, а кариера ќе ја продолжи во Турција каде ќе го засили Галатасарај.

Двата клуба ги договориле условите и Заниоло денеска попладне лета за Истанбул каде ќе потпише договор на три и пол години со годишни примања од 3.5 милиони евра, а за возврат Рома ќе добие 20 милиони евра со што тој ќе стана најскапиот трансфер во Турција.

Се вчитува...