Алекси Пентуро од Франција е новиот светски првак во алпска комбинација на светскиот шампионат што се одржува во францускиот ски-центар Мерибел.
Пентуро возеше одлично на трките во супервелеслалом и во слалом, остварувајќи вкупно најдобро време од 1:53,31 минута. До второто место и сребрениот медал стигна Марко Шварц од Австрија со десет стотинки послабо време од победникот, додека со бронза се закити уште еден Австриец, Рафаел Хазер, кој имаше вкупно време за 44 стотинки послабо од она на Пентуро.
За Алекси Пентуро ова беше шести медал на светските првенства, втор во алпска комбинација по оној освоен во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА